КОМПЈУТЕР
Компјутер е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура. Во англиски јазик зборот Computer (приближен изговор помеѓу кампјутр и компјутр, со одомашена транскрипција “компјутер“) се користел за нарекување на луѓе кои се бавеле со аритметички пресметки, со или без механички помагала, но подоцна е користен и за самите пресметувачки машини. Најпрво, обработката на информации со компјутерите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите компјутери се користат и за многу задачи неврзани со математика. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натака, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски компјутери но со време аналогниот изумрел па денес поимот компјутер се однесува исклучиво на дигитален компјутер. Современите пресметувачи(компјутери) се појавиле во педесетите години од дваесетиот век, а работеле так...