ТЕЛЕФОН

Постојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален (фиксен телефон), кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски (од англиското „Voice over IP“ што значи Говор преку Интернет протокол) што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакномикробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени „традиционалните“, фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за „фиксни“ телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.

Делови на телефонот[уреди | уреди извор]


Телефон од 1896 од Шведска
Деловите на телефонот се:
  • МТК (Микротелефонска комбинација), односно слушалка,
  • Тастатура или бројчаник, зависно од моделот, макар што денес сè повеќе се користат телефони со тастатура
  • ѕвоно
  • и други делови

Историја[уреди | уреди извор]

Останува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио МеучоЈохан Филип РајсАлександар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои „единствен пронаоѓач на телефонот“. Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна.

Comments

Popular posts from this blog

THE HASCHAK SISTERS

КОМПЈУТЕР